Притвор за уапсените во „Змиско око„
20 ноември 2007Реклама
27-те вработени на патарините во Македонија кои беа уапсени во полициската операција „Змиско око„ денеска добија заработија 30 дневен притвор. Истражниот судија на еден од обвинетите му одреди мерка домашен притвор. Останатите се префрлени во истражниот затвор во Скопје. Осомничените се товарат за корупција и проневера на околу пет милиони евра.