1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Приоритет на новата македонска влада – економија и евроинтеграции

АМ/миа8 јуни 2014

Економијата и евроатланските интеграции остануваат приоритет за идниот владин состав, изјави мандатарот на новата влада и актуелен премиер Никола Груевски. Според него, владата ќе се фокусира и на другите сектори.

https://p.dw.com/p/1CEZN
Skopje 2014 Gebäude der Regierung
Фотографија: DW

„Приоритетите, како што неодамна кажав, се поврзани со економија и евроатланските интеграции, но се разбира со силен фоскус на сите други сектори. Отворањето на нови работни места, привлекувањето на странски инвестиции, охрабрувањето и помагањето на домашните да инвестираат, земјоделството, образованието и здравството - сето тоа е дел од фокусот на идниот владин состав“, рече Груевски.

Тој нагласи дека сите министерски места биле производ на коалиционите разговори и оти преговорите завршиле на двострано задоволство. Осврнувајќи се на министрите без ресор, Груевски рече дека Висар Фида и Горан Мицковски ќе бидат задолжени за привлекување на инвеститори.

„Тие ќе ги зајакнат досегашните министри за привлекување инвеститори – Бил Павлевски, Џери Наумоф и Веле Самак“, рече Груевски.

Според него, Македонија отишла многу напред во создавањето услови за привлекување странски инвестиции. Тоа го потврдува и последниот извештај на „Форин полиси“, кој земјава ја рангира на 29. место во светот, рече Груевски.