Приврзаници на Асад со богатството бегаат од земјата?
9 март 2012Портпаролот на Стејт департментот Викторија Њуланд подвлече дека истекувањето на пари и бегство од земјата честопати се знаци за почеток на процес, во кој приврзаниците на режимот „почнуваат да сфаќаат дека тој е осуден на пропаст“. Таа не ги соопшти имињата на бегалците и само истакна дека тие се префрлуваат во Либан, Јордан, Турција и други соседни земји на Сирија.
Според Њуланд, вообичаено ваков процес пројавува тенденција кон проширување. Таа додаде дека во последните месеци се забележува зголемување на бројот на дезертерите од сириската армија, главно наредници и водници.
Обединетите нации, во меѓувреме, подготвија 90-дневен хуманитарен план за Сирија, со кој се предвидува да се обезбеди храна за 1,5 милиони луѓе. Дипломати од околу 60 држави вчера (08.03) во Женева разговараа за хуманитарниот план во Сирија во вредност од 100 милиони долари и за поголем пристап на хуманитарните работници во земјата. Специјалниот пратеник на ОН и Арапската лига Кофи Анан, кој утре се очекува во Дамаск, апелира на мировно решение на конфлилктот.
Автор: АТ/ АМ/ миа/ дв
Редактор: Е. М. Фиданоска