1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Привремено одлагање на решението за Косово, за да се придобие Русија

20 јуни 2007

САД и ЕУ денеска во Советот за безбедност на ОН веројатно ќе претстават резолуција со која расправата за статусот на Косово се одлага за 4 месеци. Се бара подршка од Русија, која го одбива планот за условна независност

https://p.dw.com/p/Aydc
Марти Ахтисари: планот за Косово не пропаднаФотографија: pa / dpa

Новата резолуција не предвидува независност на Косово што би ја надгледувала ЕУ, како што беше порано планирано, туку натамошни преговори. Србите и Албанците би требало, значи, уште еднаш да преговараат 120 денови и да се обидат да изнајдат решение што би било прифатливо за обете страни. Токму тоа една ипол година се обидоа да го постигнат во преговорите во Виена посредниците од ОН Марти Ахтисари и Алберт Роан. “Не верувам дека во наредните 120 денови ќе се постигне значителен напредок. Мала е веројатноста за тоа” - смета австрискиот дипломат Алберт Роан.

Доколку по овие нови преговори навистина нема резултати, тогаш автоматски би стапил на сила планот на Ахтисари – такви се барем претставите на ЕУ и САД. Меѓутоа, на ваква формулација Русија сигурно нема да се согласи во Советот за безбедност.

Посредникот на ОН Марти Ахтисари не верува дека неговата мисија пропадна. Напротив, уште во понеделникот министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ повторно го подржаа нашиот план, Советот за безбедност на ОН расправа за тој план, мораме да бидеме стрпливи, вели Марти Ахтисари. Во разговор за финската Радио и телевизија, Ахтисари изрази убедување дека Косово наскоро ќе биде независно и дека ќе го признаат САД и неколку земји на Унијата, ако е потребно и без резолуција на ОН.

Високиот пртставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Хавиер Солана нагласи дека Унијата инсиситира на решение на Советот за безбедност за идниот статус на Косово. Важно е земјата, кога ќе постигне независност, да има чувство дека е тоа трајно, рече Солана вчера во Луксембург по разговорот со министерот за надворешни работи на Албанија Љуљзим Баша.

Ален Леговиќ