1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Привлечно ли е Косово за странски инвестиции?

10 јули 2007

Косово е еден од најсиромашните региони во Јгоисточна Европа,со слаб економски пораст.Стопанството е зависно од финансиски инјекции од странство.Може ли нештата да се сменат и каква е економската ситуација во покраината?

https://p.dw.com/p/BEMp
Словенија е еден од поголемите инвеститори во КосовоФотографија: picture-alliance/dpa

Фабриката за брашно “М и Силоси” кај Раховац важи за една од најголемите инвестиции во Косово во последниве години. Швајцарска фирма и македонско албански инвеститор вложија 19 милиони евра во приватизацијата на застарениот комбинат. Брашното, кое сега се произведува според најмодерна италијанска технологија, покрива шеесет проценти од домашниот пазар. Секако производството не се одвива без проблеми. Овде најмалку еднаш дневно снемува струја. Тогаш настапува вистинска паника, вели еден од вработените кој преку монитор го набљудува целото производство.

“Тогаш сме во паника! Кога ќе снема струја, брашното останува заглавено во силосите, настапува застој кој трае додека се повторно да профункционира.”

Дневните рестрикции се навистина голем проблем вели и еден од менаџерите. Снабдувањето со енергија е еден од многуте пречки за инвеститорите, но би бил отсранет кога ќе се среди статусот на Косово смета тој:

“Решение за статусот на Косово конечно ќе донесе инвеститори, исто така и во енергетскиот сектор. Кога Косово ќе стане независно, тогаш може да се поврзе во регионалната мрежа за енергетско снабдување, според познатиот “Договор од Атина”. Во сегашни услови, тоа е невозможно. Затоа ние, на сите инвеститори кои сакаме да ги донесеме тука, им ветуваме дека прашањето за статусот ќе биде решено до крајот нма годинава. Дури и меѓународно набљудувана независност може да биде гарант за претприемачите”.

Кој е гарантот за вработените? Инеститорите во приватизираната фабрика за брашно мораа да гарантираат дека 360-те работни места ќе останат во првите 2,5 години. Во халата во која се произведуваат “грицки”, многу луѓе чекаат да падне кесичка со чипс од производната лента. Најмалку тројца се вишок. Андреас Витцковски е главен во одделот за економски развој во УНМИК. За овој проблем вели:

“Во принцип нема алтернатива за тоа. Оние кои ќе останат во компанијата која функционира тиа имаат сигурна и добро платена работа. Значи тоа е вистинското решение. ”

Во споредба со почетоците на приватизацијата, економскиот експерт во иднинат гледа пооптимистички:

“На првите советувања со претриемачите кои ги гледаа овдешните капацитети тогаш рекоа: најмногу може да се приватизираат околу 50 претпријатија. Сега ги има околу 400. Тоа значи дека каде што има штоф има и потенцијал за раст, тогаш има потенцијал за работа. Тоа е најдобро што може да се направи со постоечките капацитети.”

Фазата на приватизација во Косово одамна е завршена. Преостанатите области во покраината, во кои според УНМИК, може да продолжи економскиот развој, се земјоделието и рудниците, пред се ископување на јаглен. Така таму ќе се произведува енергија и потоа Косово ќе може да извезува струја. Но, долгорочно, тоа ќе се случи кога таму ќе дојдат богати инвеститори. За тоа ќе треба да се почека.

“Не ветуваме дека условите веднаш ќе се подобрат. Тоа е тешка работа која ќе се развива од 10 до 20 години. Во овој период, ситуацијата може чекор по чекор да се подобрува. Со каква динамика ќе оди економскиот раст воглавно ќе зависи од тоа, каква политика ќе се води во земјата”.