Претседателот и премиерот на консултации за името
8 јули 2008Реклама
Македонскиот премиер Никола Груевски ја продолжува праксата, на почетокот на месецот да разговара со шефот на државата Бранко Црвенковски за клучните прашања за развојот во Македонија.
Нема информации зошто токму денеска и со какви ставови претседателот и премиерот разговарале околу последниот пакет на медијаторот Нимиц за решавање на грчко - македонскиот спор околу името. Не е исклучено македонскиот врв да испрати писмо до Брисел пред утрешниот конечен прием на Хрватска и Албанија во НАТО.