Претрес во домот на напаѓачот
25 јули 2016Реклама
Во центарот на Ансбах вчеравечер 27-годишен Сириец активираше експлозив, при што самиот загина, а повредени се 12 лица, од кои три тешко.
Властите сега работат на проверка дали станува збор за терористички напад. Важно е да се утврди со кого комуницирал напаѓачот, изјави обвинителот Михаел Шротбергер. Иследниците кај Сириецот пронашле мобилен телефон, кој сега се проверува. Нејасно е како тој стигнал до експлозив, а мора да се разјасни и од каде точно потекнуваат металните делови во експлозивот.