1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прекори од странство, поддршка дома за Владимир Путин

29 септември 2004

Повеќе од 100 западни политичари во отворено писмо му префрлија на рускиот претседател Владимир Путин за застапување авторитарен курс. Претстаниците на верските заедници од неговата земја му дадоа поддршка на претседателот во антитерористичката борба.

https://p.dw.com/p/Ad47
Путин при една посета на жртви од терористички напад
Путин при една посета на жртви од терористички нападФотографија: AP

Групата западни политичари на Путин му припишува систематско кратење на слободата и независноста на печатот, уништување на меѓусебните контролни механизми во рускиот федерален систем, самоволни апсења на политички ривали и бришење на кандидати од избирачките ливчиња. Меѓу потписниците се и поранешниот чешки претседател Вацлав Хавел, некогашниот американски дипломат Ричард Холбрук, како и германските политичари Рајнхард Битикофер од Зелените и Фридберт Пфлигер од ЦДУ.

Путин, пак, доби поддршка на домашен план: на средбата со претставниците на религиозните организации главна тема беше борбата против меѓународниот тероризам. Претседателот на Координативниот центар на муслиманите од Северен Кавказ и муфтија за регионот на Черкезија и Ставропол Исмаил Бердиев му се обрати на претседателот: “Во име на традиционалните муслимански религиозни организации на Русија ви ја пренесувам нашата целосна поддршка за вашите решителни чекори за обезбедување на единството на државата и за спречување на терористички акти. Интернационалниот тероризам и‘ објави војна на Русија. Сите ние заеднички мораме него да го сузбиваме” - рече Бердиев.