1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Презентирани "Стандардите за Косово"

10 декември 2003
https://p.dw.com/p/AdMm
"Денеска е важен ден за Косово.Поставувањето на стандардите е ново поглавје кон одредување на конечниот статус на покраината", изјави денеска шефот на УНМИК, Хари Холкери претставувајќи ги финалната верзија на стандардите во Приштина.
"Нашата задача е да го подготвиме Косово за конечниот статус. Има само еден пат, а тоа е напредок низ стандардите", изјави Холкери во Косовското Собрание. А стандардите, според него "детално го опишуваат општеството во кое сите луѓе од сите заедници живеат во почитување, без разлика на етничката припадност, кои слободна патуваат на работа каде се користат со својот јазик, каде владините институции му служат на цело Косово без дискриминација, и каде има праведно правосудство и безбедност". По оценката на Холкери "во реалноста тоа значи дека сите заедници се вклучени во полицијата и Косовскиот заштитен корпус, законите и официјалните документи да бидат напишани на сите службени јазици и оние кои сакаат да се вратат на Косово тоа да го сторат без проблем и да бидат охрабрени". Но, на денешната седница не присуствуваа српските претставници во покраината, според кои со овие стандарди се прејудицира статусот на покраината. И српскиот премиер Живковиќ изјави дека ваквиот предлог не е прифатлив за неговиот кабинет. За него овие стандарди не им ја гарантираат безбедноста на луѓето во Косово и Метохија. "Ова е лагоден список на желби" кој не е обврзувачки за никого оцени Живковиќ изразувајќи надеж дека УНМИК сепак ќе прифати дел од нивните забелешки.
Ниту албанската страна не е до крај задоволна од предлогот, особено од делот за враќањето на бегалците. Но, претседателот Ругова денеска нагласи дека документот е важен за иднината на Косово и постигнувањето на нивната главна цел:

"Дојде време да ги поставиме и оствариме стандардите до 2005-та година. Стандардите на меѓународната заедница иамат за цел Косово да се развие и подготви за одредување на конечниотс статус, што според наше мислење треба да биде независност", рече Ругова на церемонијата во Приштина Инаку , стандардите заедно треба да ги спроведуваат УНМИК и косовската Влада.
"Првата задача е да се создаде заеднички план за имплементација на стандардите", нагласи Холкери.