1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пред седницата на Советот за безбедност на ОН за Косово

27 мај 2005

Советот за безедност на Обединетите нации денеска ќе расправа за ситуацијата на Косово врз основа на извештаите што за состојбите во покраината ќе ги поднесат шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен и генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан. Ако стандардите за демократизација бидат спроведени, наесен би можеле да започнат преговорите за статусот.

https://p.dw.com/p/Acpq

Притискаат Соединетите Американски Дражави, но истото го прави и генералниот секретар Кофи Анан. Кога и да е во наредните месеци треба да започнат конкретни разговори за идниот статус на Косово што најдоцна до крајот на 2006 би воделе кон конечен резултат, иако никој се уште не може да каже како би изгледал тој. Меѓународната заедница само во едно е согласна, во она што не го сака: никакво враќање на Косово под директната власт на Белград, никаква поделба, никакво приклучување кон Албанија и никаков целосен суверенитет.

Албанската и српската страна на Косово сметаат дека Советот за безбедност денеска ќе даде зелено светло за почеток на преговорите за конечниот статус на покраината. Обете страни се согласни дека Косово ќе добие добра оценка. Премиерот на покраинската влада Бајрам Косуми ги објаснува своите очекувања:

„Очекувам позитивна оценка за целиот процес, посебно за сатандардите и за состојбата на малциснтвата кае што се направени многу позитивни чекори„.

Претставникот на српските пратеници на Косово, Оливер Ивановиќ од „Листата за Косово и Метохија„ вели дека е информиран за содржината на двата извештаја што ќе му бидат поднесени на Советот:

„Делумно ги видов двата извештаја, и оној на Петерсен и на генералниот секретар Анан. Мислам дека обајцата ги усогласувале своите извешати. Затоа оценката ќе биде релативно позитивна, но доволна за почеток на процесот за прашањето на конечниот статус„.

Поранешниот шеф на УНМИК, Германецот Минаел Штајнер пред 4 години го претстави документот „Стандарди за Косово„. Според него мораат да бидат исполнети 8 услови пред да започне процесот за конечниот статус. Важи принципот, стандарди пред статус. Целта е Косово во кое секој, независно од етничката, расната или верската припадност, да може да живее слободно без страв, непријателства или опасности.

За темата колку вистина се реализирани стандардите, албанските и српските претставници од Косово не се согласни. Оливер Ивановиќ проценката на Обединетите нации ја гледа прагматично:

„Косово не ги исполни стандардите и јас мислам дека тие нема да бидат исполнети ни по седум, осум или десет години. Можеби има само позитивна тенденција. Но, и покрај тоа, прашањето за статусот ќе биде отворено кон крајот на оваа година. За тоа има повеќе причини. Европа и целиот свет се по малку изморени од овој проблем. Тие на локалните институции ќе им дадат повеќе компетенции за со тоа да се ослободат повеќе цивилни и воени сили за други мисии„.

Од друга страна, косовскиот премиер Косуми смета дека се исполнети многу од потребните стандарди:

„Стандардите во голем дел се исполнети. Во рамките на тие осум стандарди се поставени приоритети и повеќето се исполнети. Меѓутоа, има некои политички стандарди за чие спроведување не се потребни месеци или една, туку повеќе години. Па сепак, ние започнавме со нивната реализација„.

Мухамет Хамити, портпарол на претседателот Ибрахим Ругова е уште појасен:

„Стандардите не можат да бидат спроведени до крај, ако некој мисли дека мораат да се спроведат во секоја точка. Некои од овие стандарди денес не би можеле да ги исполант ниту некои членки на Европската унија. За нас тие стандарди значат настојување кон интеграцијата во ЕУ и во НАТО. Тоа би било полесно до колку Косово биде независно„.

Косуми и Хамити нагласуваат дека за исполнување на стандардите за демократизација и подобрување на економската ситуација ќе бидат потребни повеќе години. Важни за Косово меѓутоа, се условите за безбедност, враќањето на бегалците и дијалогот со Белград. Српските и албанските политички претставници досега повеќепати потврдија дека не се во состојба да водат диркетен дијалог. Косуми вели дека е подготвен во секое време да разговара со Коштуница и други српски претставници, но не за конечниот статус на Косово:

„Тоа не е проблем што мора да се реши меѓу Србија и Косово. За иднината на Косово мора да реши народот во покраината. Тоа е негово право. За тоа не може да решава никој српски претседател или премиер„.

Токму ова е точката каде што албанската и српската страна се сосема поделени. Белград тврди дека Косово е дел на Србија.