1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пред изборите на Косово: да се учествува или не?

22 октомври 2004

Утре на Косово ќе се одржат парламентарни избори. До последниот момент не е сигурно дали тамошните Срби ќе излезат на гласање. Тие се длабоко поделени за прашањето дали да изборите да се бојкотираат или не. И од Белград доаѓаат различни повици: апели за бојкот, но и за излегување на изборите.

https://p.dw.com/p/Ad2h

Околу половината од 180 илјади Срби со право на глас се расфрлени низ цело Косово, другата половина живеат како бегалци во Србија и Црна Гора. Тоа што и по пет години само малкумина се вратија е главниот аргумент за оние кои претпочитаат бојкот на изборите в сабота. А, потоа и темата безбедност: во средината на март албанските екстремисти ги атакуваа српските населби, урнаа околу 800 куќи, запалија повеќе од 30 цркви, 19 лица загинаа. Косовските Срби и владата во Белград обвинуваат дека ниту под управата на УНМИК и военото присуство на НАТО нема никаква безбедност, никакви човекови права или перспектива за живот. Така кабинетот на премиерот Воислав Коштуница, поддржан од православната црква, реши да Србите во покраината да им препорача да не учествуваат на изборите. Србите на север од Косово каде што ги има најмногу, тоа го разбраа како повик за активен бојкот. Таму постои таканречена анти-изборна коалиција на која и припаѓа досегашната парламентарка Рада Трајковиќ:

“Со институции какви што се сегашниве мојот народ има можност или да биде асимилиран или изолиран. Тоа води или кон иселување или кон радикализација. Како можам да им ветам нешто на избирачите кога немам институционална можност и кога се зависи од добрата волја на албанското мнозинство“.

На првите избори по војната пред три години се уште беа слушани ветувањата на УНМИК. Но, тоа дека учеството во процесот на помирување на Србите ќе им донесе повеќе безбедност и права, тоа не беше исполнето, вели Рада Трајковиќ.

Ова мислење го дели и Оливер Ивановиќ. Тој е заменк претседател на паралментот и ја води српската листа за Косово и Метохија, која е едно од двете граѓански здруженија што треба да настапат на изборите за српските граѓани. Листата реши да учествува на изборите кога пред две недели српскиот претседател Борис Тадиќ ги повика Србите на гласање. Конечно, не може ништо да се добие ако се води инает со Запад, смета Ивановиќ. Освен тоа, постои надеж дека со месеци најавуваната децентрализација на Косово би водела кон српска самоуправа:

“Тоа значи дека најдоцна по 90 дена по формирањето нова влада децентрализацијата мора да биде спроведена, мора јасно да се дефинираат задачите на новите општини и дека најмалку две од новофомрираните општини мораат да бидат во подрачја со мнозинство на Србите. Само така можат да се создадат претпоставки за нашата натамошна работа“.

Така се чини, Србите во енклавите на југот и во централно Косово сепак ќе излезат да гласаат, додека поголемите групации на северот ќе се воздржат. Законски за Србите се гарантирани 10 од вкупно 120 места во паралментот.