1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Предлогот за контролирана независност на Косово

27 март 2007

Извештајот на специјалниот преставник на ОН Марти Ахтисари, кој предлага меѓународно контролирана независност на Косово го коментира Фабијан Шмит

https://p.dw.com/p/Adfa
Приштина
ПриштинаФотографија: picture-alliance/dpa

Марти Ахтисасри со предлогот јасно кажа две работи, за кои познавачите на состојбите одамна се свесни. Прво дека за Косово нема враќање во рамки на Србија и второ: дека стабилноста на ЈИЕ може да се постигне само доколку за се` постојат јасни рамки. Албанското мнозинство на Косово на почеток можеби извештајот ќе го слави како голема победа на своите напори за независност. Уште повеќе ќе треба да се труди таа и да ја заслужи. Тоа мора активно да ги брани правата на српското и другите малцинства. Тоа не важи само за портпаролите и политичарите. Сите косовски албанци сега мора да докажат дека се достојни за независност. Тоа подразбира конретни чекори во насока кон нивните соседи. Мора јасно да се покаже подготвеност за помирување, во училиштата, на работните места, во јавноста, во спортските клубови.

Доколку меѓународната заедница го следи планот на Ахтисари и го признае Косово како суверена држава, тогаш мора да и биде јасно дека со тоа презема и обврска. Идната мисија на ЕУ мора да внимава дали косовските политичари навистина работат за мултиетничност или тоа се само празни приказни.


Меѓународната заедница не смее да се колеба да настапи решително доколку постои дискриминација или дури и напади. Истовремено мора да се надмине сегрегацијата на етничките заедници и да се работи за повторен развој на сите делови на Косово.

Тоа може да се постигне само доколку европската перспектива биде во фокусот на вниманието за Косово, Србија, Црна Гора и сите актери во ЈИЕ и ЕУ работат за што поголема отвореност на границите меѓу државите за луѓето, стоките и услугите. За да се случи такво нешто ЕУ на чело со Германија како претседавач, мора решително да застане зад предлогот на Ахтисари и да стори се` тој да биде прифатен и во советот за безбедност, значи и од страна на Русија, која засега не е наклонета кон такво нешто. Мора да бидат подготвени финансиски и персонално да го поддржат силното присуство на ЕУ на Косово, за да бидат исполнети нејзините сопствени високи критериуми.

Конечно јасно е дека вистинското европско решение, членство во ЕУ, е можно дури кога населените на Косово ќе докаже дека е способно за толеранција и демократија и кога ќе ужива целосна сувереност.