1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ не потврдува, СДСМ добиле покана

Б. Георгиевски18 април 2016

Официјален Брисел не потврдува, но и не демантира дека е закажан состанок в петок на македонските политички лидери. Портпаролката Коцијанчич вели дека Хан сака под итно да разговара со политичките лидери

https://p.dw.com/p/1IXnT
Фотографија: MIA

Од канцеларијата на комесарот за проширување Јоханес Хан ниту ја потврдуваат, ниту ја демантираат информацијата дека е закажан состанок во Виена со македонските политички лидери.

Телевизијата Алсат-М јави дека поканата формално ја упатиле тројцата европратеници кои беа вклучени во договорот од Пржино, Иво Вајгл, Едуард Кукан и Ричард Ховит. Во Виена, наводно е предвидено и присуството на еврокомесарот Јоханес Хан и амбасадорите на ЕУ и на САД во Македонија, Аиво Орав и Џес Бејли.

„Не можеме да го потврдиме овој состанок, но комесарот Хан е во постојан контакт со политичките лидери во земјата, со пратениците, со мисијата на ЕУ, како и со клучните партнери како САД, со кои разговара за начините за надминување на кризата, и да осигура дека лидерите ќе продолжат да го имплементираат договорот од Пржино и реформските приоритети“, вели портпаролката на еврокомесарот, Маја Коцијанчич за ДВ.

„Дали и каде конкретно би можел да се одржи состанокот се уште не е одлучено. Комесарот Хан сака набрзо да се сретне со лидерите. Тие мораат да покажат желба да ја вратат земјата назад на евро-атлантскиот пат“, вели Коцијанчич.

Анонимни извори од опозициската СДСМ за Бирн потврдиле дека добиле покана за четирипартитни преговори во Виена.

Најавуваат дека ставот ќе го соопштат подоцна во текот на денот.