1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Преглед на печатот:што е можно, а што не на Косово?

16 јануари 2006

Под наслов „Иднината на егзистенцијалната форма на Косово како квадратура на кругот„ во денешното издание на весникот „Ноје Цирхер цајтунг„ е објавен текст на дописиникот од Белград. Во него вниманието е посветено на прашањето: зошто статусот не може да биде задоволително решен?

https://p.dw.com/p/AeAS
Колку ќе остане меѓународната заедница на Косово?
Колку ќе остане меѓународната заедница на Косово?Фотографија: AP

„Шест години по крајот на владеењето на Милошевиќ, се уште не е јасно дали Косово кога и да е може да функционира како мултиетничко општество. Во неговиот сеопфатен извештај кој треба да го отвори патот кон преговорите за статусот, норвешкиот дипломат Каи Еиде доаѓа до многу темна слика. За малцинствата недоволно се гарантираат ниту безбедноста и правото на сопственост, ниту пак правото за враќање и сопствен идентитет:„Малку е направено за воспоставување мултиетничко општество„, констатира Ејде. Всушност, такво во историјата на Косово никогаш и немало. Ако се постави прашањето дали моралот ќе биде мерка за косовскиот проблем, одговорот би гласел: Србите со право во 1999 го загубија правото на суверенитет, но ниту Албанците во никој случај не се изборија за него. Може да се каже дека правното и моралното објаснување е исправно и добро ако на Косово станува збор за реална полиитка. Меѓутоа, посебното во косовското прашање е што моралната компензација на интервенцијата доведе до реторика на Западот која се повеќе колидира со сопствената реална политика„.

Натаму во „Ноје цирхер цајтунг„ читаме:

„Првиот дипломат на Европската унија Хавиер Солана во минатиот декември предупреди дека секоја употреба на сила ќе води кон крај на преговорите за статусот. Тоа практично значи: ако дојде до напади врз малциснтвата зашто преговорите не се одвиваат според сопствената желба, чекорот кон независност не само што нема да биде забрзан, туку ќе се случи токму спротивното.

Во студената светлина на реалната политика, белградските барања кон Косово се чинат илузорни. И покрај сите колнења во територијалниот интегритет и значењето на Косово како историски важно за нацијата, се чини дека во Србија никој не се грижи за тоа што би се правело во случај ако провинцијата се добие назад. Меѓу првите на тоа укажа поранешниот министер за надворешни работи Горан Свилановиќ кој и самиот потекнува од Косово: дали неговите сонародници тогаш ќе прифатат косовски Албанец на чело на државата што по принципот на ротација би дошол на таа функција? Или, како слабиот српски буџет ќе ја потпре економската сиромаштија на Косово? Скоро фрапатно е колку идеолошки обоентото настојување врз покраината нема никаква врска со реалните односи.

На крајот од текстот во „Ноје цирхер цајтунг„ се поставува прашањето: кој има право врз косовскиот суверенитет? Зависи како се посматра: дали низ правна, морална или реално-политичка перспектива – се доаѓа до различни резултати. Правото зборува во полза на српската позиција, реал-политичката за косовско-албанската, а од морален аспект на прашањето не може јасно да се одговори. Се чини дека е невозможно да се најде решение што ќе биде прифатено од обете страни, пишува, меѓу другото, денешен „Ноје цирхер цајтунг„.