Прв пораз на Баерн од Минхен по 13 кола во Бундеслигата.
12 ноември 2007Магијата на Баерн се распрсна. По повеќе од шест месеци без пораз , фудбалерите од Минхен го напуштија теренот како губитници. И тоа вистински.
Годинава слабиот бранител на титулата Штутгарт во саботата , Неочекувано доживеа будење . Двапати Гомез, еднаш Баштирк и 3:1 . Некои, подолго време повредени играчи, се повторно во тимот и на Штутгарт веќе му успеа да слави против лидерот на табелата .
„ Сега имаме повеќе квалитет во кадарот . Но сеуште не сме стигнале до 100 проценти од можностите . Мораме да се обидеме да освоиме уште поени до зимската пауза . Тогаш се надевам дека ќе бидеме комплетни , и повторно константни , не само во еден натпревар . Од одлучувачко значење е да прикажеме игри како оние од минатата година“- изјави по мечот тренерот на Штутгарт, Армин Фе.
Хицфелд: „Ништо не доаѓа само од себе“
Баерн на мечот во саботата покрај поразот поради црвен картон за наредните мечеви го изгуби и одбранбениот играч Лусио .
Тренерот Хицфелд опуштено го прифати тоа:
„ Верувам , тоа не е толку лоши. Подобро е понекогаш да сосема јасно да изгубиш. Секој играч кај нас знае дека понекогаш мора да се стори нешто повеќе , дека ништо не доаѓа само од себе туку оти пред себе се има еден долг пат“
Значи пораз со позитивни страни . Покрај тоа Баерн остана лидер на табелата , затоа што второпласираниот Хамбургер на гостувањето кај Шалке успе да се избори само за нерешени 1:1 што пак за тренерот Хуб Стевенс не беше причина за радост:
„Истотака знам дека има некои , кои сонуваат и кои сакаат да бидат на првото место . Тоа е убаво , но мораше најнапред да се обидеме да победима кај Шалке . Но дојде до потценување . Тоа не е толку едноставно , како што видовме денеска“
Вердер со убедлива победа до второто место
Наместо првото место , дури третото , затоа што Хамбургер беше преминат од Вердер од Бремен кој со убедливи четири спрема нука славеше на домашен терен против Карлсруе. Тренерот на Вердер Томас Шааф по средбата изјави:
„ Карлсруе беше очекувано тежок противник . И веруваме дека Карлсруе и прави добро на Бундеслигата , со начинот на кој игра оваа екипа“
Играчот на колото доаѓа пак од Росток: Енрико Керн Тој ги постигна сите три гола за Ханза во источно германското дерби со Енерги Котбус кое заврши со резултат 3:2
„ Токму поради борбата за опстанок , за нас ова не беа само три поени туку тоа беше игра за шест поени“
Голови од сомнителни ситуации за Херта и Борусија Дортмунд
Од другите саботни натпревари , Херта беше поуспешна од Хановер 96 со 1:0 . На теренот во Берлин прекриен со снег , домаќините славеа со голот новото засилување од Бразил , Лима , кој меѓутоа беше постигнат од олигледна офсајд ситуација .
Во Дортмунд домашната Борусија се спаси од пораз истотака во една сомнителна ситуација во која беше постигнат израмнувачкиот гол против Ајнтрахт од Франкфурт .
Во петокот Бохум извојува победа на гости во Дуизбург со 2:0 , но се регуларни голови.
Во вчерашните два натпревари од 13-то коло на Бундеслигата , победи остварија екипите на Баер од Леверкузен и Арминија од Билефелд . Избраниците на на тренерот Михаел Скибе беа поуспешни нагости против Волфсбург со 2:1. Тој беше задоволен од играта на неговиот Баер:
„Многу се радувам поради тоа , дека денеска обезбедивме приклучок кон екипите кои се во горниот дел на табелата и оти оти сме натаму во борбата за место во купот на УЕФА . Секако и за тоа дека сината екипа на Волфсбург можевме да ја држиме подалеку од нашиот гол“
Бранителот на купот и натаму во опасната зона
Билефелд од другастрана излезе од опасната зона за испаѓање со победата од три спрема еден против Нирнберг . Тренерот Ернст Мидендорп при резултат 0:1 на полувремето најде вистински зборови во кабината и на крајот можеше да биде задоволен :
„ Сметам дека Билефелд денека покажа вистинско заедништво и на крајот заслужено тука освои три поени“
Екипата на Нирнберг која ја брани титулата во купот на Германија и натаму останува на 16-то место значи во зоната за испаѓање.