Први медали на светското првенство во сноуборд
15 јануари 2007Реклама
Најдобрите натпреварувачи во сноуборд крос во моментов доаѓаат од САД и Франција. Во финалето во машка конкуренција се сретнаа олимпискиот победник Сет Вескот од САД и Савиер Делру од Франција . Делру долго време доминираше во оваа дисциплина , но пред една година на Олимпијадата во Торино беше повреден и не успеа да освои медал . Во Ароса тој повторно брзо се искажи на врвот и убедливо победи:
„Оваа победа е мал реванш . Морав себеси да си докажем нешто и на другите да им покажам дека сеуште сум тука„
Во женска конкуренција големата фаворитка ја оправда улогата . Линдзи Јакобелис од САД успешно ја одбрани нејзината титула Светски Шампион . Втора беше Швајцарката Сандра Фрај пред Норвежанката Хелене Олафсон која ја освои бронзата.