1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сеењето страв ќе продолжи

СН/нц/фац/кса/фтб2 јануари 2016

Централна тема на коментаторите во саботниот германски печат е предупредувањето за можен терористички напад во Минхен. Во градот е мирно а полицијата продолжува да трага по можните терористи.

https://p.dw.com/p/1HX8U
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Hoppe

„Смирувачки факт е тоа што полицијата е подготвена за такви екстремни ситуации“, пишува „Фленсбургер Тагесблат“ и додава: „Жителите на Минхен не се збунија. Продолжија да слават и се погрижија воопшто да не дојде до хаос со демонстративно покажување сила. Нападите на бомбашите самоубици не можат да се спречат. Меѓутоа, Германија на разни начини е добро вооружена против матните исламски екстремисти подготвени да убиваат“, пишува „Фленсбургер Тагесблат“.

„Човек нема да стане попаметен по слушањето на првите информации за наводните планирани терористички напади“, пишува „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ и додава: „Без разлика на тоа, минхенската полиција добро постапи. Затворањето и забраната а пристап на можното место на напад беше одмерена реакција. Тоа што во Брисел е откажан дочекот на Новата Година на јавно место покажува дека полицијата во цела Европа моментално игра на сигурна карта. Тоа е оправдано и долгорочно низ поактивни концепти би требало да служи за заштита на општеството. Не е исклучено оти Исламската држава или некои други терористички групи на разузнавачките служби ќе им достават погрешни информации и на тој начин ќе предизвикаат немир или ќе го тестираат Западот колку е подготвен да реагира“, пишува „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“.

„Нирнбергер Цајтунг“ пишува дека „терористите за сеење страв и не мораат да имаат конкретни планови за напади. Неколку целни дезинформации се доволни да се откаже фудбалски натпревар, карневалска свеченост или да се парализира инфраструктурата. Чуствителниот Запад полесно и поефтино и не може да се дестабилизира и да се присили да ги зголеми давачкитеза безбедност“, тврди весникот „Нирнбергер Цајтунг“.

Според мислењето на коментаторот на весникот „Келнер Штат-Анцајгер“ предупредувањата за наводни терористички напади, какво што имаше во Минхен, се добра причина зошто повеќе од 50 насто од Германците поскептично гледаат во Новата 2016 година. Додуша, економските податоци упатуваат раст. Меѓутоа, танцот околу златната кокошка не е се’. Светот стана понемирен и тоа остава траги врз нашето секојдневие. Со секое предупредување се поставува прашањето: што се’ можеше да се случи. Не е тајна дека екстремистите се способни и во Германија да извршат напад. Меѓутоа, досега тоа не сакале да го сторат бидејќи омразата кон останатите е поголема. Или плановите им се на време откриени. Едно е сигурно, а тоа е дека тонот и климата во 2016. година ќе се променат“, сигурен е коментаторот на „Келнер Штат-Анцајгер“.