1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

По седницата на Советот за безбедност: исполнувањето на стандардите не го активира автоматски и прашањето за конечниот статус на Косово

8 февруари 2004

-Косовскиот заштитен корпус треба да се трансформира во вистински цивилна организација за помош во итни ситуации. Најитна задача на шефот на УНМИК Хари Холкери е создавање предуслови за брз почеток на вистински дијалог меѓу Белград и Приштина.

https://p.dw.com/p/AdJZ
Остварувањето на поставените стандарди не значи и оти автоматски ќе започне разгледувањето на конечниот статус - е став кој изгледа во моментов преовладува во Советот и го потенцираа повеќемина негови членови, како на пример претставниците на Русија, Франција, Шпанија и на Велика Британија - и тоа и во име на целата ЕУ. Најважен од осумте стандарди е оној што се однесува на иднината на малцинското население, сметаат САД и бараат поголемо ангажирање на косовските институции на спроведувањето на стандардите, отколку на пренесување на овластувањата. Советот, меѓутоа, посебно ги повикува косовските Срби да се вклучат во процесот на остварување на стандардите, зашто тое е важно за нив. Основа за контрола на остварувањето на стандардите ќе бидат тримесечните извештаи на шефот на УНМИК до Советот за безбедност, и само "Советот и никој друг", како што категорично вели Холкери, ќе реши дали се постигнати бараните стандарди. Препораката на генералниот секретар и на шефот на УНМИК за трансформација на Косовскиот заштитен корпус во цивилна организација за помош во итни случаи, како што впрочем првобитно и беше предвидено, ја има поддршката од повеќемина членови на Советот ја поддржале, токму како што е поздравено и воспоставувањето на Косовска полициска служба. Холкери сега за своја најважна задача го смета дијалогот меѓу Белград и Приштина и тој веќе за наредната недела најави контакти во таа насока со тамошните власти. Белград, според координаторот за Косово Небојша Човиќ, е веднаш подготвен на дијалог со Приштина, но под ултимативен предуслов косовската делегација да биде мултиетничка. Извештајот на Холкери во Советот за безбедност за Човиќ е "урамнотежен", со тези кои ги смета за "охрабрувачки".
И за косовскиот премиер Бајрам Реџепи извештајот е еден од најпозитивните до сега. Реџепи, кој во САД присуствуваше на Молитвениот појадок во Белата куќа, а се состана и со државниот секретар Колин Пауел, меѓутоа во едно радио-интервју се пожали дека, цитат: "тие стандарди не ги достигнале ни некои постојани членови на Советот за безбедност, а нам тоа ни е поставено на почетокот".