Почнува судскиот процес против Смиленски и Трпевски
10 јули 2007Реклама
Зградата на кривичниот суд во Скопје денеска е под силно полициско обезбедување. Започнува судскиот процес против бизнисменот Методија Смиленски и поранешниот гувернер на Народната банка на Македонија Љубе Трпевски, обвинети за проневера на 30 милиони долари од државните резерви. Пред истражен судија денеска треба да се појави и вчера уапсениот генерален директор на скопската фабрика Охис, Јорго Ќука осомничен за проневера на еден милион евра.