Почнува купот на конфедерациите
15 јуни 2005Турнирот го отвораат репрезентациите на Тунис и Аргентина, а вечер Германија игра против Австралија. Пред тој натпревар, на прес конференција зборуваа асистентот на Јирген Клинсман, Јоахим Лев и голманот Оливер Кан:
„Сега ќе се покаже како ментално ќе пристапиме кон турнирот. Сега е важно фокусот во наредните две недели вистна да го поставиме кон турнирот, да се концентрираме од натрпевар до натпревар и да бидеме во состојба постојано да одржуваме напнатост. Сега важи само турнирот, а во екипата се гледа дека сите се радосни што започнува. Сигурни сме дека ќе одиграме добро и дека ќе имаме добар старт. Се рабира дека сакаме да победиме на овој турнир, тоа е нашата цел и мислам дека екипата е добро подготвена„.
Голманот на германската репрезентација Оливер Кан изјави:
„Верувам дека овој куп, бидејќи се игра токму во Германија, има посебна вредност не само за гледачите, туку и за нас како екипа. Имаме многу млади играчи кои не играле често на меѓународната сцена. Затоа е важно што играме дома, но не само за нив, туку целата екипа одвај чека да покаже до каде сме стигнале со нашата работа„.