Почина патријархот на „ТисенКруп“
31 јули 2013Претседателот на Кураториумот на фондацијата Алфред Круп фон Болен унд Халсбах и почесен претседател на Управниот одбор на „ТисенКруп“ починал на возраст од 99 години. Тој со децении не само што придонесуваше за успех на концернот „Круп“ од Есен, а потоа и во сегашниот концерн „ТисенКруп“, кој настана по фузијата со „Тисен“, туку одигра и важна општествена улога.
Тој со години правеше напори за помирување со државите од Источна Европа и со Израел, а остави печат и на економската историја на земјата.
Бајц се смета за една од најзначајните личности од деловниот свет во повоена Германија.
За време на Втората светска војна Бертолд Бајц и неговата сопруга Елзе во Полска спасиле повеќе стотици прогонети Евреи, односно еврејски принудни работници од смрт. Поради тоа Бајц доби бројни награди, меѓу кои лани и наградата за разбирање меѓу народите, Лев-Копелев, а во Израел во 1973 година и почесната титула „Праведни меѓу народите“ од Меморијалниот музеј Јад Вашем.
„За сите кои го познаваа ова е ненадминлива загуба“, соопшти заменикот-претседател на Кураториумот, Рајмар Лист.