Почина пантомимичарот Марсо
23 септември 2007Реклама
Почина светскиот познат пантомимичар, Французинот Марсел Марсо. 83 годишниот пантомимичар се прослави во 1947 година со ликот на господин Бип, познатиот кловн со тажно лице во пругаста маичка и накривена свилена капа. Во 1978 година ја основаше Академијата за пантомима во Париз.