1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почеток на преговорите за статусот на Косово

22 ноември 2005

Специјалниот преставник на ОН во преговорите Марти Ахтисари, денеска во Приштина треба да започне серија разговори, со што практично и официјално стартуваат преговорите за финалниот статус на покраината.

https://p.dw.com/p/AcdE
Марти Ахтисари
Марти АхтисариФотографија: AP

По пристигнувањето на аеродромот во Приштина Ахтисари кратко изјави:

„ Мило ми е што бев во можност да допатувам толку бргу по нашето именување да ги предводиме разговорите и преговорите за идниот статус на Косово„

Првиот состанок, Ахтисари го оствари со шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен, кој воочи неговото пристигнување во Приштина, почетокот на решавањето на статусот на Косово го нарече како последен чекор во враќање на Балканот кон нормализација, стабилизација во насока кон евроинтеграциите:

„ Со пристигнувањето на Марти Ахтисари почнува процесот на решавање на последниот дел од сложувалката на западниот Балкан, а тоа е статусот на Косово„ оцени Петерсен и нагласи дека токму одрдеувањето на статусот е најважната задача на УНМИК предвидена со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН„

Цивилниот администратор исклучи можност судбината на покраината да се решава по пат на референдум, без разлика дали тој би се одржал во Србија или на Косово. Петерсен смета дека тоа би било во спротивност со резолуцијата на советот за безбедност, додавајќи дека за време на преговарачкиот процес нема да биде дозволено какво било насилство:

„ Има луди луѓе на сите страни кои веруваат дека можат да влијаат врз одлуката за статусот со насилство. Тие се лажат, бидејќи тоа нема да им успее„ рече Петерсен

Во меѓувреме српскиот парламент на синоќешната седница ја усвои резолуцијата за преговорите за конечниот статус на покраината. До сега ова можеби беше најостра дебата помеѓу преставниците на партиите, дури и од редовите на партиите кои во ништо друго не се согласни. Овој пат, презентирани се три ставови. Првиот, повикувајќи се на официјалниот документ на Советот за безбедност на ОН, го изнесе премиерот Воислав Коштуница:

„ Во резолуцијата 1244 не постојат зборови кои макар и би најавувале независност за Косово, условна или безусловна„

Партијата Г 17 на вицепремиерот Мирољуб Лабус заговара создавање на два ентитета во покраината со тоа што албанскиот постепено би добил независност. Тој не можеше прецизно да одговори каково е конкретното значење на предлогот и зошто тој како втор човек во владата застапува став кој се коси со она што го вели премиерот:

„ Следува првиот чекор, потоа ќе ја видиме реакцијата на другите страни, па ќе видиме што е вториот, па третиот чекор. Целта е сите луѓе мирно да живеат, посебно србите„ рече Лабус

Посредникот во преговорите помеѓу двете страни денеска треба да разговара со командантот на силите на КФОР во покраината, генералот Џузепе Валото. Нешто подоцна се предвидени средби со преставници на косовскиот преговарачки тим и преставници на српската православна црква во покраината. Како што веќе најави,Ахтисари по Приштина и Белград, ќе ги посети Скопје, Подгорица и Тирана за одблиску да се запознае со ставовите околу прашањето на покраината.