1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Потребни нови војници за Авганистан

2 јуни 2004

Во Авганистан се уште некаде експлодираат бомби, гинат луѓе. За ситуацијата конечно да стане постабилна во земјата мораат да се стационираат повеќе меѓународни сили. Но, кога ќе стане збор за тоа која земја ќе испрати војници, политичарите замолчуваат.

https://p.dw.com/p/AdBg

Во Братислава од петокот заседаваат парламентаците на одеелни земји членки на НАТО. И таму испраќањето нови меѓународни сили за Авганистан топ-тема на дневен ред. Во септември во Авганистан треба да се одржат избори. НАТО вети дека со военото присуство ќе го овозможи нивното одржување. Но, и натаму недостигаат војници и опрема, ветувањето не се одржува. За претседателот на парламентарното собрание на НАТО, Американецот Даглас Беројтер причина за драматично предупредување:

“Потфрлување е што нашата мисија во Авганистан ја доведува во опасност и веродостојноста на НАТО. Често велиме дека неуспехот не е смее да биде опција. Драги пријатели, неуспехот во Авганистан е сосема можен. Се додека владите на НАТО-членките во наредните недели не покажат политичка волја да ги обезбедат потребните капацитети, неуспехот постепено ќе стане реалност“.

Кон крајот на јуни земјите на НАТО на самитот во Истанбул треба да решат за иднината на мисијата во Авганистан. Но, до денес недостига политичка волја, вели Беројтер, без да спомне некоја земја. За потпретседателот на германската делегација на ова заседание Фолкер Буфиер од ЦДУ е јасно: предупредувањето е упатено и до Германија:

“Разочарувањето е големо кај сите страни. Земја како Словачка или други помали земји во согласност со нивната економска моќ и големината на земјата даваат значителен придонес и не можеме да разбереме: велиме дека играме водечка улога во Европа и соодветно и во светот, но не сме во можност сопствените војници во Авганистан добро да ги опремиме, туку зависиме од изнајмени украински авиони “Антонов“ или мораме да ги молиме Американците да не превезуват. Тоа не оди така“.

Останува да се види што ќе биде решено на самитот на НАТО во Истанбул.