Последно предупредување од пакистанската армија
9 јули 2007Реклама
Пакистанската армија денеска повторно ги повика екстремистите во Црвената џамија безусловно да се предадат. Ова е последниот повик, пред да стапат во акција. Пакистанскиот претседател Первез Мушараф и премиерот Шаукат Азиз имаат вонредна средба со безбедносните структури. Во џамијата веќе цела недела се затворени и многу жени и деца, а екстремистите одбиваат да се излезат од таму. Илјадници демонстранти вчера во Исламабад повикаа на мирно решение на кризата.