Посетителите го делат ентузијазмот за Келнската катедрала
24 април 2008Прекрасна е. Ова е трет пат да доаѓам овде. Јас сум дел од организацијата, што е е задолжена за одржување на катедралата, затоа што и` требаат многу поправки. (Кармен, Севиља, Шпанија)
Воодушевени сте откако првпат ќе ја видите. Но кога ќе ги проанализирате деталите, уште повеќе се воодушевувате. Можете да замислите колку работа и колку енергија е вложена за да се заврши проектот за нејзината изградба. Мислам дека ми треба една недела за да ја разгледам катедралата - да доаѓам секој ден и да собирам информации за историјата, како и за деталите на прозорците и склуптурите. Фасцинантно е! (Кармен, Германија)
Навистина е прекрасна. Само незјината големина – фантастична е! (Џени и Бил, Аделаида, Австралија)
Прилично е висока. Сум ја видел многупати затоа што живеам тука. Многу е импресивна внатре затоа што кога ќе влезете, таму е многу тивко, но истовремено е многу пространо. Убаво е да се почувствува таква тишина во толку масивна градба. Двете работи заедно навистина оставаат посебен впечаток. (Фабијан, Келн, Германија)
Многу е импресивна. Толку висока зграда! (Жен фан, Кина) Навистина сме воодушевени. Тоа е многу убава катедрала. Денеска е полна со верници кои сакаат да бидат благословени, бидејќи се празнува преображението на Богородица. Ние сме од Баварија. Славиме празник, па застанавме во Келн. Катедралата навистина е импресивна. (Сузане и Керолин, Германија)