1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Портпаролот на Трамп несмасно се излета и жнее критики

СН /дпа,афп,ртр
12 април 2017

Шон Спајсер сакаше да ги објасни злосторствата на Башар ал Асад- и за тоа одбра споредба со Хитлер. И стапна на тенок мраз. По жестоките критики за „срамната“ споредба, Спајсер мораше да се извинува.

https://p.dw.com/p/2b6xs
Sean Spicer Pressesprecher des Weißen Hauses
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Harnik

Портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер, се извини доцна ноќеска поради минимизирање на холокаустот со споредбата на сирискиот претседател Башар ал Асад со нацистичкиот лидер Адолф Хитлер, поради употребата на хемиско оружје.

Спајсер по обраќањето кон новинарите и критиката од еврејските организации за ЦНН (Си-еН-еН) рече оти се извинува за „несоодветната, нечуствителна“ изјава.

„Се извинувам поради тоа. Тоа беше грешка“, рече Спајсер и додаде дека за холокаустот не може да постои споредба. Во интервјуто за ЦНН Спајсер изјави оти неговите коментари не ги одразуваат ставовите на Трамп.

„Моите коментари не ги одразуваат претседателските, тие се исклучок од неговите и очигледно се нечувствителни и погрешни. Тоа е очигледно моја грешка“, рече тој.

Портпаролот на Белата куќа на пресконференција, одговарајќи на едно новинарско потпрашање изјави оти сирискиот претседател Башар ал Асад е полош од Адолф Хитлер поради употребата на хемиско оружје, што е споредба за која се смета дека ги минимизира нацистичките злосторства. 

„Часови за историја“ за Спајсер

„За време на Втората светска војна не се користеше хемиско оружје. Дури ни одвратниот Хитлер не падна толку ниско да користи хемиско оружје“, рече Спајсер и додаде дека Русија треба да се запраша која земја ја поддржува.

Sean Spicer Pressesprecher des Weißen Hauses
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Harnik

Оваа изјава веднаш наиде на бура од ужаснатост и незадоволство кај еврејската заедница во САД. 

Ценатарот Ана Франк во САД веднаш реагираше и го повика претседателот Доналд Трамп да го смени својот портпарол потсетувајќи оти токму започнал еврејскиот празник Пасха.
„Спајсер токму на Пасха го негираше холокаустот, што е најодвратна форма на 'лажни вести' негирајќи дека Хитлер уби неколку милиони Евреи“, изјави директорот на Центарот, Стивен Голдштајн.
На изјавата на Спајсер реагираа и демократските сенатори кои наведоа оти изјавата е „апсолутно срамна и дека на портпаролот на Белата куќа  му се неопходни часови по историја“.