1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Помагаат до последни сили

Катерине Мартенс/ сн23 октомври 2015

На словенечко-австриската граница бројни волонтери им помагаат на бегалците до истоштеност. Но понекогаш за момент кампот за прифаќање на бегалците е целосно празен...

https://p.dw.com/p/1GsxH
Фотографија: DW/L. Scholtyssyk

Teжок, слаткаст мирис се чувстува кога ќе се влезе во шаторот. Празни ќесички од млеко, отворени кутии со кекси стојат на полските кревети, покрај нив на подот употребени пелени. Во шаторот собира 400 луѓе, но сега е празен. Во словенечкиот Шентиљ волонтери во раните утрински часови го чистат шаторот. Се’ уште не се стигнати автобусите полни со нови мигранти. Волонтерите брзо ги полнат пластичните вреќи, површно ги чистат креветите.

„Да, има многу отпадоци. Но, она што луѓето надвор не го знаат е тоа дека на бегалците одеднаш им се кажува, сега е отворена границата, имате две минути“, објаснува една волонтерка од словенечката невладина организација Словенечка филантропија. Тие веќе со денови во смени од по 12 часа се грижат за луѓето кои доаѓаат тука. Оваа работа исцрпува многу. На подолг рок тие не би можеле да го издржат таквиот работен ритам, предупредува претседателот на мариборскиот Црвен крст, Алојз Ковачиќ.

Slowenien Sentilj Flüchtlingslager
Фотографија: DW/L. Scholtyssyk

Дневно еден топол оброк

Трипати на ден мигрантите добиваат храна, двапати ладна, а во 13 часот, топол оброк, потврдува Ковачиќ. Постојано има организациски проблеми. „Во еден момент имаме 3.000 гладни луѓе, а потоа логорот повторно се празни, навечер пристигнуваат нови мигранти. Може да се случи многумина да го пропуштат топлиот оброк.“

Веднаш покај местото на кое се дава облека волонтерите поставија огласна табла. На неа пишува „Спојување на семејства“ на англиски, арапски и на словенечки. Исмаил покажува фотографија на млада жена. Тоа е неговата сестра, ја загубил на хрватско-словенечката граница. Една волонтерка го моли своето име да го напише на еден список па тие ќе ги прашаат хрватските власти, дали имаат информација за неговата сестра.

Словенија има рабирање за Австрија

Меѓу бегалците се шири една лоша вест. Се чувствува незадоволство. Границата е затворена, Австријците веќе не пуштаат никого, си довикуваат мигрантите меѓусебе. Не можат да поверуваат, цел ден пешки можеше да се помине границата. Една жена со штотуку родено бебе Австриците ја пуштаат да помине, а потоа неколку часа нема поминување на граница.

Slowenien Sentilj Flüchtlingslager
Фотографија: DW/L. Scholtyssyk

„Не сакаме на нашите австриски колеги да им го правиме она што нам ни го прават Хрватите“, вели портпаролот на полицијата Миран Шадл, опишувајќи ја напнатата ситуација меѓу соседните држави. „Ако нам Австриците ни кажат стоп, треба да запреме, и ние го почитуваме тоа.“ Проблемот со Хрватска е во тоа што тие ги пуштаат бегалците илегално на зелената граница“, вели Шадл. Тој тогаш мора постојано да праќа свои луѓе по полињата да собираат бегалци.

Станува студено во Шентиљ. Толку студено што словенските полицајци ги пуштаат малите деца да влезат во нивното возило да се загрејат. А потоа назад во шаторот. Од нивните очи делумно исчезна тагата. Само непријатниот мирис остнана во шаторот.