Полска ќе го поддржи европскиот договор
23 ноември 2007Реклама
Новиот полски премиер Доналд Туск во неговото прво обраќање во парламентот најави промени во европската политика. Туск нагласи дека Полска е подготвена во наредните денови да го поддржи европскиот реформски договор. Полската владата планира до крајот на наредната година да ги повлече сите 900 војници од Ирак. Туск се заложи и за брзо воведување на еврото во земјата.