Полска – колаборатори
14 мај 2007Реклама
Полскиот премиер Лех Качински најави донесување нов закон со кој треба да се откријат лицата кои соработувале со тајната полиција на поранешниот комунистички режим во земјата. Претходно, полскиот уставен суд го отфрли првиот закон кој беше исклучително контроверзен. Тој требаше да принуди стотици илјади политичари, интелектуалци, службеници и новинари да дадат изјава за нивните контакти со поранешната тајна полиција.