Полска – апсење
30 август 2007Реклама
Поранешниот полски министер за внатрешни работи, Јануш Качмарек, кој беше отпуштен од премиерот Качински неодамна, е уапсен поради мешање во истрагата на криминални дела. Медиумите јавуваат дека Качмарек ја информирал надлежната парламентарна комисија дека владата на Качински ги употребува тајните служби и министерството за правда за да ги компромитира политичките противници.