Полиција спречи верници на Цетинскиот манстир
18 април 2007Реклама
Специјалци на црногорската полиција спречија денеска неколку стотици приврзеници на Црногорската православна црква да влезат во цетинскиот манастир и да отслужат литургија.Таа била отслужена на неколку стотина метри од манастирот.Манастирот инаку е седиште на Црногорско приморската митрополија на Српската православна црква.Верниците скандирале против митрополитот црногорско приморски Амфилохие ,извикувајќи ова не е Србија.
СПЦ и останатите православни цркви не ја признаваат ЦПЦ.Црногорскот претседател Филип Вујановиќ претходно изјави дека државата ќе го штити имотот на СПЦ.