Полициска акција во Кондово
2 март 2006По еден загинат повреден и приведен, тоа е епилогот на полициската акција изведена во четири часот утринава во скопската населба Кондово. Специјалците се обиделе да уапсат лица осомничени за тероризам. Убиен е Ервен Џафери, по кого е издадена потерница поради фрлена кашикара во октомври во Скопје, и повредени полицајци. Против него имало обвиненија за дури 170 кривични дела. Бил ликвидиран од полициските специјалци откако се обидел да употреби огнено оружје. Повреденено е уште едно лице македонски државјанин, кој имал терористичко досије. Приведениот трет албански државјанин бил вклучен во бомбашки напади во тетовско.
„Веројатно има некоја реакција од мештаните. Она што е важно и што сакаме да го истакнеме е дека ова е акција, насочена кон изолирана група, сторители на тешки кривични дела. И луѓето во Кондово и граѓаните на Република Македонија ќе сфатат дека оваа активност е насочена исклучиво кон сторители на кривични дела без оглед на етничка или друга некоја припадност.“ соопшти Горан Павловски од кабинетот на министерот за внатрешни работи.
Селото Кондово е познато по случајот Красниќи, чија вооружена група го држеше населението изолирано од Скопје пред и за време на локалните избори во 2004 – 2005 година и предизивка безбедносна криза во чија разврска мораа да се вклучат и лидерите на ДУИ и ДПА Ахмети и Џафери.
Во Кондово денеска е релативно мирно, но новинарските екипи беа спречени да влезат во него овој пат од невооружени млади луѓе од селото.