1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Фотографија на денот: Голем пожар во гаража за автобуси

1 октомври 2021

Голем пожар вчеравечер ја зафати гаражата за автобуси на сообраќајното претпријатие во Штутгарт, ССБ. Зградата е загрозена од уривање.

https://p.dw.com/p/417ac
Deutschland I Brand im Busdepot der Stuttgarter Verkehrsbetiebe
Фотографија: Andreas Rosar/dpa/picture alliance

Повеќе од 20 целосно изгорени автобуси, многу оштетена хала, најверојатно милионска штета и две лесно повредени лица - тоа е првичниот  биланс на полицијата и противпожарната служба по големиот пожар што вчеравечер ја зафати гаражата на сообраќајното претпријатие ССБ во Штутгарт.

Причината за пожарот сѐ уште не е позната. Не се исклучува ниту технички дефект ниту евентуално подметнување на пожарот.

Во гаснењето на огнот учествуваа 210 пожарникари и возила-роботи за гаснење ЛУФ 60, кои се управуваат со далечински управувач и може да се пробијат до жариштето на огнот и во најтешки услови. Објектот, по пожарот, е загрозен од уривање.