1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поделба на Косово – опасна идеја

11 август 2007

Во екот на решавањето на косовското прашање, медиумите во ЕУ како и некои аналитичари повторно ја споменуваат поделбата на Косово како едно од можните решенија. Дојче Веле побара мислења од повеќе експерти.

https://p.dw.com/p/BTCZ
Мостот кој ја дели МитровицаФотографија: DW/Sand

Поранешниот српски министер за надворешни работи Горан Свилановиќ, смета дека поделбата на Косово би била опасна работа:

„Тоа е опасен процес кој отвора многу прашања поврзани со интегритетот на Србија и регионалната стабилност. Ги отвара и прашањата за Босна и Македонија. Според мене, од моментот кога ќе се признае независност на Косово, тое од истиот миг е поделено. Бидејќи не гледам начин како северот на Косово ќе се интегрира во останатиот дел. Каква и да биде правната дефиниција, северниот дел секогаш ќе биде врзан за Србија на истиот начин на којшто е и сега. Можеби и посилно. Поради тоа е можно преговорите да се водат на начин за да се договори поделба. Но, тоа е веќе нешто друго и би било целосно во согласност со завршниот акт на Хелсиншката повелба. Она што во моментов не е јасно е со какви инструкции преговарачите влегуваат во целиот процес“.

Приштинскиот аналитичар Илбер Хиса, имајќи ја предвид Северна Митровица, вели дека ваквата идеја би можела да има негативен ефект врз други региони од поранешна Југославија.

„Мислам дека е ова многу опасна идеја, која може по принципот на домино ефект да ги погоди останатите краеви на поранешна Југославија. На овој простор има многу мултиетнички градови кои имаат и река и мост. И тоа од Мостар до Скопје. Тоа би бил тежок преседан кој би ги ставил под знак прашање сите напори на ЕУ, Западот и НАТО во последните 15 години“.

Пратеникот во германскиот Бундестаг и добар познавач на Балканот, Петер Вајс смета дека поделба на Косово би била неуспех на политиката за мултиетничност.

„Опцијата за поделба на Косово, поточно кажано за спојување на северниот дел на Митровица кон Србија не е нова. Такви идеи имаше и од германски пратеници од христијанските демократи. Но, овој предлог никогаш не доби согласност бидејќи со поделбата на Косово би се оддалечиле од идејата за мултиетничност. Целта на меѓународната заедница е со својот ангажман на Косово да создаде државна заедница во која би можеле да живеат повеќе нации“.