1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поделбата на Косово ризик и за Македонија

Силвера Падори17 август 2007

Либералот Рајнер Штинер уште еднаш побара Србија да каже како си го замислува Косово во своите државни граници. Поделбата на Косово ризик за домино ефект и регионот

https://p.dw.com/p/BVXX
Србија треба да каже каков предлог има за Косово - смета Рајнер Штинер

По неуспехот на планот на Ахтисари за Косово картите повторно се измешани! Преговорите меѓу Белград и Приштина ги презеде Тројката. Но, како што вели експертот за Балканот Рајнер Штинер топката сега е во рацете на Србија.

"

Основно во суштина е едно. По отфрлањето на планот на Ахтисари од страна на Србија, таа конкретно мора да каже како си замислува во иднина Косово да биде дел од Србија.” Ова, според Штинер, би значело конкретни одговори на многу отворени практични прашања. На пример: дали Косоварите ќе служат во српската војска? Каква би била автономијата на Косово? Какви права би добиле малцинставата? Прашања кои се во моментов отворени. Штинер го коментира и ставот на повеќе српски политичари според кои НАТО државите и пред се САД го планираат Косово за сопствени цели:

"

Тоа е чиста бесмислица! Никој нема интерес да го искористи Косово за сопствени цели. Факт е дека во срцето на Европа со години владее немир. Во интерес на Европа и на Германија е овој немирен регион конечно да се смири и да се направи исчекор кон Европа. Тоа е понудата на Европската заедница посебно кон Србија. Но, Србија мора самата нешто да превземе.”

Доколку и преговорите на Тројката не доведат до позитивен исход, отворена и натаму е опцијата - еднострано самопрогласување независност на Косово.

"

Јас отсекогаш предупредував за ова. Западните земји посебно САД од овој аспект му одеа од рака на Косово, што го сметам за многу проблематично. Тоа автоматски би повлекло поделба на заедничката европска безбедност, а со тоа и враќање назат. За мене е важно да се поддржи планот на Ахтиоасри. Да се даде една условена независност на Косово, а тоа значи: исполнување на потребните услови, сигурност за српското малцинствоп и сл. Тоа е вистинскиот пат на напред . Едностарното прогласување би бил сигурно опасен чекор.”

Нејасната ситуација околу статусот на Косово будно се следи и во Македонија. Негативни рефлексии, меѓутоа, според Рајнер Штинер не се исклучени:

“Самиот факт што статусот на Косово се уште не е решен - е извор на немир во целиот регион. За соседните земји и посебно за Македонија, гледам голема опасност доколку евентуално дојде до поделба на Косово, за што сега повторно има некои различни толкувања. Секако дека повлекувањето нова граница може да ги разбуди апетитите за менување на границите и во другите региони. Со тоа би се предизвикал домино ефект и би се создале големи проблеми” - изјави за македонската програма на Радио Дојче веле Рајнер Штинер.