Подготвува ли Израел атомски напад врз иранските нуклеарни постројки?
8 јануари 2007Израелското министерство за надворешни работи ја презеде задачата да го коментира извештајот на британскиот весник: Израел сака , прашањето на иранската атомска програма, дипломатски да биде решено – истакна, портпаролот на министерството , Марк Регев.
Тој дополни дека Израел во целост ги подржува дипломатските напори на меѓународната заедница како и целосното спроведување на резолуцијата за Иран на Советот за безбедност на ОН. Само доколку дипломатијата има успех , проблемот може да биде решен по мирен пат- изјави Регев.
Останатите владини тела во Телавив одбија да заземат став спрема извештајот во лондонски Сандеј Тајмс.
Весникот повикувајќи се на неименувани израелски воени кругови , известува дека израелската воена авијација вежба напад за уништување на три ирански атомски постројки со тактички атомски бомби.
Такви приказни не коментираме – изјави портпаролот на израелската влада Мири Еисин,
Премиерот Ехуд Олмерт во последните недели во неколку наврати јавно истакна дека не би сакал да прифати еден нуклеарно вооружен Иран:
„Тие зборуваат за уништување на еврејскиот народ . А ние не можеме никому во светот да му дозволиме да им се заканува на државаа Израел и на животите на Евреите“- истакна Олмерт .
Доколку дипломатските активности немаат успех , - истакна премиерот , Израел не ја искчучува воената опција како последно сретство за решавање на проблемот.