Повторно катастрофа во текстилна фабрика во Бангладеш
9 мај 2013Пожарот во текстилната фабрика избил откако голем дел од работниците веќе биле заминати дома, соопшти полицијата. Сепак, во пожарот загинаа најмалку осум лица како последица од задушување. Меѓу загинатите е и сопственикот на фабриката. Повеќе лица имаат повреди.
Причина за пожарот во Дака, кој избил во текот на ноќта (08/09.05), веројатно е краток спој. Огнот е изгаснат по речиси два часа од избивањето на пожарот.
Во фабриката се произведувала облека наменета главно за извоз, меѓу другото и за Германија.
Пред само две недели, при уривање на фабрички објект во близина на Дака загинаа повеќе од 900 луѓе. И во таа фабрика се произведувала облека за извоз во западните земји. Владата на Бангладеш, според сопствени наводи, по уривањето на фабриката затворила 18 други фабрики поради безбедносни причини. ЕУ се закани со казни доколку Бангладеш не се погрижи за подобри услови на работа во текстилните фабрики.