Повеќе од заканувачко сценарио?
11 април 2006Оној кој изговара закани или поставува само ултимативни барања порано или подоцна мора да докаже дека е сериознен. Да не биде исмеан како тигар од хартија. Правило кое посебно важи за супер сила – единствената останата супер сила: Откако Соединетите држави повеќе од три години му се закануваат на Иран со последици поради продолжување на неговата атомска програма, а Техеран не реагираше, од Вашингтон се слушнаа и извештаи за наводни подготовки за војна.
Дали сето ова е само потенцирање на заканувачкото сценрио или психолошко водење војна?
Каков наивен концепт. Неколку воздушни напади во Иран треба да го дестабилизираат тамошниот режим и да го мотивираат населението на востание. Ирак поздравува: Се чини дека во Белата куќа не е научена лекцијата. Дотолку полошо, како Иран и Ирак да не би можеле да бидат споредени: Многумина во Иран не се задоволни со нивниот политички систем, но во лоши времиња ќе застаната зад режимот. Ваков обид на Вашингтон би го постигнал токму спротивнотот: Американски напад нема да предизвика востание и само и неговата закана ја зајакнува одлучноста на режимот, да се продолжи со атомската политика. И тоа колку што е можно побрзо.
Владата на Буш напротив регионот го гледа на поедноставен начин и сонува за домино теоријата на демократизаиција. Но наместо тоа ќе ожнее домино ефект на радикализација. Имено колку и да е мал бројот на исламските земји кои досега се солидарни со Иран -американски напад нема да поднесат.
Вашингтон би ја имал ситуација в рака, да спречи ваков развој со тоа што би почнал директни преговори со Техеран. Ситуацијата сеуште и не беше созреана, а Вашингтон се повлече. Како сега при планираните разговори за Ирак. Со Техеран не се сака да се разговара, туку се бара промена на режимот и контрола врз нафатата и земјиниот гас. Опасна ситуација и за Европејците, кои сега покорно стојат зад Вашингтон. Ако Брисел сега не повлече издиференцирана линија во однос на Вашингтон ќе мора да го игра орото до крај.