1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Победа на Тачи

ЕМФ/дпа/бета9 јуни 2014

Косовскиот премиер Хашим Тачи победи на предвремените парламентарни избори на Косово, но политичкото милје во земјата стана понепрегледно.

https://p.dw.com/p/1CEio
Фотографија: Reuters

Косовскиот премиер Хашим Тачи со својата ДПК освои околу 31 процент од гласовите, соопшти Централната изборна комисија по пребројани околу 90% од избирачките ливчиња. Неговиот досегашен коалиционен партнер, партијата АКР на Беџет Пацоли, освои околу 4,7 проценти гласови.

Тачи изјави дека предвремените парламентарни избори испратиле најдобра можна порака до светот и дека победници на изборите се државата, граѓаните и демократијата.

Најголемата опозициона сила ЛДК повторно заврши со отприлика ист број гласови како на претходните избори - 26 проценти. Националистите на Самоопределување успеаја да стигнат до 13,6 проценти од гласовите.

Изненадувањето на вечерта беше резултатот на партијата „Иницијатива на Косово“, основана во февруари, која освои 5% гласови.

Одзивот на предвремените парламентарни избори беше разочарувачки - 43%. Во првичните анализи, одговорноста за неизлегувањето на гласање беше лоцирана во резигнираноста на населението. Косово и шест години по прогласувањето независност е една од најсиромашните земји во Европа. Социјалната мизерија, корупцијата и нефункционалниот правосуден и здравствен систем, како што се оценува, се причината за слабиот одзив на избирачите.

Wahl im Kosovo 08.06.2016
На избори излегоа само 43 проценти од граѓаните со право на гласФотографија: DW/B. Shehu

Косовската претседателка Атифете Јахјага вчеравечер (8.06) изјави дека изборниот процес бил правичен и мирен и дека граѓаните минале низ уште еден предизвик. Таа оцени дека учеството на граѓаните на изборите, вклучително и на северот на државата каде мнозинство се Србите, е задоволувачка.

На предвремените избори на Косово се гласаше за 120 пратеници во парламентот, а право на глас имаа 1,78 милиони граѓани.