Победа во вистински момент
23 март 2006Победата против американската репрезентација на домаќинот на претстојното светско првенство во фудбал му ја враќа разнишаната доверба по поразот од Италија со 4:1. Бастијан Швајнтајгер, Оливер Невил, Миродслав Клозе и Михаел Балак беа стрелци на головите за Германија, сите беа постигнатио во второто полувреме. Еди Џонсон беше стрелецот на единствениот гол за САД во финишот на натпреварот по една несмасна реакција на германскиот голман Оливер Кан:
„Се разбира дека се радуваме затоа што екипата цело време играше компактно. Во првите 20 минути игравме добро, потоа маклку загубивме на ритам затоа што американците добро се спротивставуваа. На полувремето на тимот му рековме дека мора да бидеме компактни и да се држиме до тактиката и потоа дојде првиот гол, во вистинско време на почетокот од второто полувреме„ рече Клинсман.