1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ: Во сила новиот закон против пластика за една употреба

ЕМФ | агенции
3 јули 2021

Во ЕУ денеска стапува во сила новиот закон за пакувања, со кој се става крај на пластичните производи за една употреба.

https://p.dw.com/p/3vxt9
Einweggeschirr Plastikbesteck Plastikgeschirr Kunststoff Plastikbecher Plastiktüten
Фотографија: Imago/J. Tack

Во Германија и другите членки на ЕУ од денеска (3.07.2021) треба да почнат да исчезнуваат производите од пластика за една употреба. Со новиот закон за пакувања би требало да се намали количеството на пластичен отпад. Меѓу другото, со законот се опфатени прибор за јадење од пластика, чинии од пластика, сламки, чаши, вклучително и капачиња за чаши, чепкалки за уши и пластични држачи за балони. Освен тоа, забраната важи и за пакувања за храна за носење од стиропор, како и чаши од стиропор.

Трговците сега се обврзани да се префрлат на продажба на вакви производи од материјали кои може да се рециклираат, како стакло или метал. Сепак, она што трговците веќе го имаат набавено од пластичните производи за една употреба и е складирано во нивните магацини, може да се продава додека не се потроши.

Законот дозволува натамошна употреба на влажни марамчиња, влошки, тампони и производи од тутун со филтер, но тие во иднина треба на пакувањето или на самиот продукт да имаат и информации за содржината, како и да биде наведено какви последици за животната средина би имало неправилно постапување по нивната употреба.

Einweg-Geschirr ohne Plastik
Прибор за јадење од дрво - една од алтернативите за пластикатаФотографија: Jochen Tack/picture alliance

Германската министерка за екологија Сенја Шулце ги поздрави новите правила во Германија и ЕУ и оцени дека „забраната наскоро ќе доведе до подобри, поиновативни ипоеколошки производи и решенија“.