Писмо до Баросо
21 јули 2008Македонскиот премиер Никола Груевски, испрати писмо до шефот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо во врска со проблемот на македoнското малцинство во Грција и со прашањето на протераните Македонци од Грција.
На крајот од писмото Груевски бара помош од претседателот на Европската комисија. „Владата на Република Македонија апелира во рамките на вашите надлежности лично да се заложите за доследно почитување од страна на Грција на обврските кои произлегуваат од меѓународните инструменти за човековите права, со посебен акцент врз слободно изразување на етничкиот идентитет и сите права што произлегуваат од тоа. Нашите очекувања се Грција како членка на ЕУ и НАТО да почне дијалог што ќе доведе до исполнување на препораките на Европската комисија“ - стои во писмото на премиерот Груевски до шефот на ЕК, Жозе Мануел Баросо.