1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Петерсен го повика Коштуница на разговори околу Косово

20 декември 2004

Шефот на Унмик Сорен Јесен Петерсен го повика српскиот премиер Воислав Коштуница на разговори околу децентрализацијата на Косово, прашањето на исчезнатите , беѕбедноста во покраината како и за тоа да му објасни -тоа зошто бил нужен иѕборот на Рамуш Харадинај за косовски премиер.

https://p.dw.com/p/Acz1

“ Не постои никаков уставен ниту пак правен аргумент кој би го оправдал поништувањето на иѕборите на Косово, ниту пак оправдание да се занемари приниципот на презумпција на невиност,, објаснува Јесен Петерсен во писмото кое го упати до српскиот премиер.

Шефот на Унмик предлага воспоставување на директен дијалог меѓу власта во Белрад и Приштина во врска со безбедносните прашања и изразува подготвеност да организира состанок на работната група на високо ниво, бидејќи, како што вели во дописот до Коштуница, безбедноста е од клучна важност за Србите кои живеат на Косово.

Петерсен исто така укажува на потребата српските претставници да се вклучат во работната група за децентрализацијата на Косово и предлага претставници од Белград да бидат вклучени во процесот како советници.

Шефот на Унмик писмото до Коштуница го испраќа како одговор на заклучоците на српската влада од 4 декември, со кои изборот на Харадинај е оценет како неприфатлив и со кои се бара тој да биде поништен.

Истовремено во Белград невладиниот Форум за етнички односи ја престави рамковната стратегија за регулирање на косовскиот проблем. Координаторот на Форумот Душан Јањич смета дека шефот на Унмик се обидува да го исклучи Белгарад од разговорите за проблемите на Косово.

Јасно е дека тој сака да го порази Белград но ние во оваа стратегија и предлагаме на Владата да не наседнува туку едноставно да прифати разговор со Петерсен за натамошното одвивање на преговорите за децентрализација, вели Јањич

Во стратегијата се анализираат трите можни модели на конечниот статус на Косово од кои единствено новата форма на заедница во рамките на Европската унија не би предизвикала нови конфликти и екскалација на односите. Освен тоа стратегијата предивудва активности за српската влада и за косовските срби за решавање на проблемите на српската заедница надвор од институциите на Косово. Експерткиот тим што ја подготвил стратегијата оценил дека ниту кабинетот на премиерот Коштуница ниту кабитеот на престедателот Тадич не понудиле сеопфатно решение за ситуацијата на Косово и затоа ги повикал државните институции да ја усвојата нивната стратегија.