Папата не сака големи прослави
17 декември 2016Реклама
На својот 80-ти роденден, папата Франциско во Ватикан појадуваше со осум бездомници. Роденденските гости од улица на папата му честитаа со три букети цвеќе. Бездомниците потекнуваат од Италија, Романија, Молдавија и Перу.
Потоа папата одржа миса со кардиналите во Паулинската капела на Апостолската палата. Освен мисата, папата денот го поминува како и секој обичен. Неговиот роденден му го честитаа бројни верници, тој прими 50.000 електронски пораки. Папата Франциско на Твитер го следат преку 10 милиони луѓе и според анкетите е поомилен отколку Барак Обама, Ангела Меркел или бројни други меѓународни политичари. Во трите години на функцијата, папата во секој случај придонесе да задуваат свежи ветрови во Римокатоличката црква.