Религија
Папата напролет ќе ја посети Македонија
13 декември 2018Реклама
Како што беше соопштено денеска од страна на македонската влада, поглаварот на Римокатоличката црква ја прифатил поканата на највисоките власти во државата и на Римокатоличката црква во Македонија да ја посети земјата.
Посетата на Папата Франциско ќе биде остварена на 7. мај наредната година. „На апостолското патување во Македонија, папата Франциско ќе го посети Скопје, родниот град на света Мајка Тереза“, прецизираше владата, напоменувајќи дека програмата на посетата ќе биде дополнително објавена.
Во Македонија папата ќе дојде од Бугарија, каде ќе престојува од 5. до 7. мај и ќе ги посети градовите Софија и Раковски.