Панамски канал – проширување
4 септември 2007Реклама
Вчера свечено стартуваше големиот проект за проширување на Панамскиот канал. Според најавите до 2015-та година треба да биде проширен каналот што ги поврзува Атлантскиот и Тихиот океан, така што низ него ќе можат да минуваат и супертанкери. Трошоците на проширувањето се проценети на 3,8 милијарди евра. Панама инаку остварува дури 80% од бруто националниот производ преку наплатата на минувањето на бродовите низ каналот.