Павароти – реакции
7 септември 2007Реклама
Светот на класичната музика регира со големо жалење на смртта на славниот тенор Лучијано Павароти. Многумина го нарекоа еден од најголемите оперски пеачи на сите времиња. Павароти почина вчера на 71 година во родниот град Модена. Уште вечерта неговите посмртни останки беа пренесени во катедралата во Модена, а погребот е планиран за сабота.