1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Охрид во очи самитот на НАТО

Милчо Јовановски 26 јуни 2007

Охрид се дотерува пред почетокот на НАТО форумот. Предизвикот е прифатен подеднакво од државата, локалната власт и граѓаните.

https://p.dw.com/p/B3Q3
Охрид ќе ги дочека гостите и на светот ќе му ги претстави културните богатстваФотографија: picture-alliance/ dpa

Граѓните на Охрид се задоволни, ќе им дојдат гости но и ќе им се разубави градот. „За Охрид мислам дека ова најдоброто нешто што можеше да се случи. Добро е да има што повеќе вакви манифестации, па и Охрид ќе биде поподготвен и подотеран.“ - вели еден граѓанин друг дополнува „За реновирање е супер. Тоа е афирмација за градот но и македонската култура.“

Охрид очекува десет илјади туристи

На НАТО форумот покрај официјалните учесници се очекуваат и над десет илјади туристи што е одлична можност за туристичка презентација. За гостите градот презема и дополнителени мерки со кои се подорби функционирањето на виталните служби како комуналната, водоводната или пожарникарната служба.

Пастрмката официјано ќе ја нема на менијата, но угостителите се снаоѓаат со алтернативни решенија велат во рестораните „Се надевам дека и другите македонски специјалитети како питиулици, или ајвар ќе го привлечат вниманиетот на гостите.“

Добивка од самитот на НАТО очекуваат сите и резбарите на позната охридска резба и производителите на бисер. Тие веќе се подготвуваат подолго време.

Но поради самитот се воведува и строг режим на сообраќајот во Охрид. На тоа реагираат таксистите. Тие два дена ќе бидат оневозможени нормално да работат поради што ќе бараат надоместок од градот.

Подготовките за самитот на НАТО се привршуваат

На Охридскиот аеродром каде ќе има најголемо оптоварување, деновиве е изведена симулативна вежба за слетување и полетување на авионите. Дека и аеродромот е подготвен за гостите потврда стигна и од првиот човек на македонските аеродроми Зоран Крстевски „Целосно сме подготвени за авионите и патниците. Донесуваме дополнителна опрема од Скопје, заедно со кадарот кој е неопходен за овој форум.“

И министерот без ресор Аднан Ќахил, директнио задолжен за форумот е оптимист „Од утре до 30 јуни ќе се гордееме дека сме направиле нешто многу добро. Многу добра организација за Охрид, Македонија и за сите нас.“

Веќе е завршено внатрешното уредување на хотелот Горица каде ќе се оддржи самитот. Целосно е завршена и новата конгресна сала во кој се вградува најсовремена опрема. А во градот се поставуваат и нови светилики.

Polizei in Mazedonien
Македонската полиција презема обемни мерки за безбедностФотографија: Petar Stojanovski

Пред и за време на оддржувањето на конференцијата на НАТО највисоката средба меѓу двата самита најавени се досега невидени мерки за безбедност. Во Охрид и околината ќе бидат ангажирани околу 5.000 полицајци и специјални сили на НАТО Алијансата.