Официјално: Победник на изборите во Египет е Муслиманското братство
21 јануари 2012Реклама
Демократската алијанса, предводена од партијата „Слобода и правда“ на Муслиманското братство, освои 235 од 498-те места во парламентот.
Според финалните резултати, објавени денеска од Високиот изборен комитет, тврдите исламисти освоија 29 проценти од пратеничките места. Секуларната Њу Вафд и Египетскиот Блок завршија на третото, односно четвртото место.
Парламентарните избори се сметаат за први слободни избори по неколку децениското владеење на Хосни Мубарак.
Автор: Александар Методијев/дпа/ројтерс
Редактор: Е. М. Фиданоска